ГО УДИРАЛ СО ТЕСЛА, ЈА БРИШЕЛ КРВТА, ГО КРИЕЛ ТЕЛОТО ВО ШУПА… Обвинението со детали за грозоморното братоубиство во Кавадарци

Во периодот додека никој не го пријавил исчезнувањето, односно меѓу 30 јули и 5 август, обвинетиот неколкупати подигал пари со банкарската картичка на жртвата.

3,650

Основното јавно обвинителство во Кавадарци поднесе обвинение против 43-годишен маж осомничен дека на 27 јули годинава го убил својот помлад брат, воден од користољубие и желба да го задржи имотот за себе.

Трагедијата се случила на роденденот на жртвата, кога меѓу браќата избила расправија. Обвинетиот, бесен и љубоморен дека брат му сака да му го земе целиот имот, го нападнал со тесла. Прво го удрил со металниот дел по главата, а потоа уште двапати, нанесувајќи му смртоносни повреди.






Откако го убил, осомничениот си заминал од местото на злосторството, но следниот ден се вратил и го сокрил телото во бањата. Во наредните денови неколкупати повторно се враќал за да ги избрише трагите — ја чистел крвта и на крај телото го пренел во шупата, каде што го затрупал во ров и го покрил со шперплоча и други предмети.

Во периодот додека никој не го пријавил исчезнувањето, односно меѓу 30 јули и 5 август, обвинетиот неколкупати подигал пари со банкарската картичка на жртвата. Телото било откриено на 5 август.

Обвинителството поднесе обвинителен акт за убиство по член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик и побара продолжување на притворот за обвинетиот.

Поврзани содржини