ГО УЦЕНУВАЛА ГАЗДАТА ЗА ДА ЈА ВРАТИ НА РАБОТА „Дај 5.000 евра или ќе објавам слики од готвењето на храната“

447

Поранешна вработена со помош на друго лице уценувала сопственик на угостителски објект во Куманово да ја врати на работа.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Т.(40) и М.Д.(43), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“.






На 07.02.2026, првопријавената, поранешна вработена во угостителски објект во Куманово, го уценувала сопственикот дека ако не ја врати на работа или не ѝ даде 5.000 евра, на социјална мрежа ќе објави фотографии како доказ за несоодветно ракување со храната во објектот, со цел создавање негативна слика за угостителскиот објект. Во извршување на делото ѝ помагал второпријавениот.

Поврзани содржини