ГО УБИВМЕ ШЕФОТ НА ХЕЗБОЛАХ, НЕГОВИОТ ЗАМЕНИК И ЗАМЕНИКОТ НА ЗАМЕНИКОТ Нетанјаху ги убедува Либанците дека Хезболах е ослабната
Не беше јасно на кого мислеше Нетанјаху со „замена на замената“. Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант рече дека Хашем Сафиедин, човекот за кој се очекуваше да го наследи Насрала, веројатно е „елиминиран“.
„Ги деградиравме капацитетите на Хезболах. Отстранивме илјадници терористи, вклучително и самиот (Хасан) Насрала и замената на Насрала, како и замената на замената“.
Вака во видео-обраќање до либанскиот народ изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Тој им порача на Либанците да ја ослободат земјата од Хезболах за да може да заврши војната.
Не беше јасно на кого мислеше Нетанјаху со „замена на замената“ на лидерот на Хезболах.
Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант рече дека Хашем Сафиедин, човекот за кој се очекуваше да го наследи Насрала, веројатно е „елиминиран“.
Подоцна, портпаролот на израелската војска Даниел Хагари изјави дека Израел знаел дека Сафиедин бил во седиштето на Хезболах кога израелските воени авиони го бомбардирале минатата недела и дека статусот на Сафиедин „се проверува и кога ќе се знае, јавноста ќе биде известена“.
По тој воздушен напад на Сафиедин му се губи трагата.
Милитантите на Хезболах утринава со артилериски гранати и ракети гаѓаа израелски војници во близина на либанското погранично село Лабунеха, соопшти групата, еден ден откако Израел објави дека убила двајца наследници на убиениот лидер на Хезболах.
This is a message to the people of Lebanon: pic.twitter.com/btMQR0Xwtn
— Benjamin Netanyahu – בנימין נתניהו (@netanyahu) October 8, 2024
Сирените се огласија во северниот дел на Израел, соопшти израелската војска, додавајќи дека тројца припадници на израелската војска биле тешко повредени вчера и денеска за време на борбите во јужен Либан.
– Денес Хезболах е послаб отколку што беше пред многу, многу години – рече Нетанјаху.
Израелската војска вчера соопшти дека во тешки воздушни напади врз подземни објекти на Хезболах во јужен Либан загинале најмалку 50 борци, вклучително и шест секторски команданти и регионални претставници, во последните 24 часа.
📽 НОВ БРАН НАПАДИ ВРЗ БЕЈРУТ Израелците го гаѓале можниот наследник на лидерот на Хезболах