ГО УБИЛ, ПА СЕ ОБИДЕЛ ДА ГО ИСЕЧКА НА ПАРЧИЊА Тешко злосторство во Босна и Херцеговина
Убиството се случило во населбата Лука, а од кантоналниот полициски оперативен центар Зеница-Добој соопштија дека синоќа во 18.35 часот, во полициската станица во Високо, дошло лице и пријавило дека 24-годишниот Б.Д. од Високо му рекол на лицето дека во својот стан го убил 24-годишниот П.Е.
Во Високо во Федерацијата Босна и Херцеговина синоќа се случи брутално убиство кога млад човек убил друг млад човек, а потоа се обидел да му го исече телото на парчиња, јавија локалните медиуми во БиХ.
Убиството се случило во населбата Лука, а од кантоналниот полициски оперативен центар Зеница-Добој соопштија дека синоќа во 18.35 часот, во полициската станица во Високо, дошло лице и пријавило дека 24-годишниот Б.Д. од Високо му рекол на лицето дека во својот стан го убил 24-годишниот П.Е.
„Пронајдено е безживотно тело. Истрагата е спроведена во текот на ноќта, во надлежност на дежурниот обвинител“, соопшти полиицјата.