📽 ГО УБИ И ЛАДНОКРВНО ИЗБЕГА! Моторџија прегази куче во Скопје, сопственикот бара казна за сторителот

Сопственикот по објавата на настанот раскажа дека се соочил со осуди на социјалните мрежи кон него, иако кучето само пет минути било излезено надвор, кога било прегазено, додека никому не му е важно што неговиот миленик ладнокрвно бил прегазен.

906

Надзорна камера го сними моментот кога со мотор беше прегазено куче на улица во Скопје.

Снимката ја објави на социјалните мрежи сопственикот на кучето кој повика на одговорност.






„Го уби ладнокрвно и избега, како да го казниме монструмов што ми го усмрти кучето, ќе го познае ли некој?“, праша сопственикот, Игор Димовски.

Сопственикот по објавата на настанот раскажа дека се соочил со осуди на социјалните мрежи кон него, иако кучето само пет минути било излезено надвор, кога било прегазено, додека никому не му е важно што неговиот миленик ладнокрвно бил прегазен.

„Во суштина на никого и не му е важно што кучето беше прегазено ладнокрвно. Тоа малтазерче што го гледате како лежи мртво на улица, 5 минути пред смртта лежеше до мене на кревет и се галеше. Од сам ден на раѓање живее во дом заедно со неговата мајка што ја гледате покрај него на снимката. Ова му се случи само пет минути додека беше излезено надвор. Очекувам во некој следен коментар да го прогласите за херој моторџијата“, рече сопственикот.

Поврзани содржини