ГО ТРЕСНАЛЕ СО ДРВЕН ПРЕДМЕТ, МУ ОДЗЕЛЕ 200.000 ДЕНАРИ Расчистено разбојништво во Битола

Уапсени се две лица, на едниот му е одреден 30-дневен притвор, а другиот е вратен во затвор, од каде побегнал, соопшти СВР Битола.

308

Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода А.Ѓ. (48) и М.С. (38) од Битола, поради постоење основано сомнение дека на 8. јануари годинава околу 15.30 часот на ул.„Солунска” во Битола извршиле кривично дело „разбојништво”.

Имено, тие кривичното дело го извршиле со физички напад на 67-годишен битолчанец, користејќи дрвен предмет, при што му одзеле пари во вредност од околу 200.000 денари.






СВР Битола до ОЈО Битола поднесе кривична пријава по чл.237 од Кривичниот законик, а од страна на судија на претходна постапка на А.Ѓ. му одредена мерка притвор во траење до 30 дена, додека М.С., осуденик во КПУ Затвор Битола, е спроведен назад во затворот, каде веќе издржува затворска казна.

Поврзани содржини