ГО СПРЕЧИВМЕ ДИВЕЕЊЕТО НА УРБАНАТА МАФИЈА ВО РАСАДНИК Ѓорѓиевски го сведе на нула чекањето за градинка

Во Кисела Вода се изградени и 20 спортски игралишта и 70 километри патна инфраструктура.

732

Се справивме со најгорливиот проблем во Кисела Вода – дивеењето на урбаната мадфија, изјави градоначалникот на Кисела Вода и кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски на денешниот отчет.

–  Јас бев еден од ретките којшто спроведе Меѓународен конкурс за идејно решение за деталниот урбанистички план во Расадник и поништивме 99 маркици за градба таму – рече Ѓорѓиевски.






Тој рече е решен и проблемот кој ги засега младите брачни парови, а тоа е  недостатокот на места во градинките со листа на чекање од 450 дечиња.

– Во финална фаза ни е градинката во Потстаница, се потрудивме во изминатиот период во секое населено место да обезбедиме објект во којшто ќе бидат згрижувани дечињата и практично листите од 450 ги сведовме на нула, што е сериозен прогрес. Што се однесува до основното образовани и инвестициите таму, во моментот сме во фаза на доградба на две основни училишта, каде што нашата интенција води кон тоа и од аспект по практично да биде за родителите но и од аспект на заштеди на институциите, особено за општината и основните училишта , да воведеме едносменско работење на сите основни училишта -рече Ѓорѓиевскки.

Тој посочи дека се изградени и многу спортски терени и дека е направена модерна, современа патна инфраструктура.

-Повеќе од 20 спортски терени се изградени изминативе 4 години во општина Кисела Вода, во моментов се градат три нови спортски сали и четири се целосно реконструирани. 70 километри патна инфраструктура имаме за четири години во Кисела Вода, создадовме модерна современа патна инфраструктура и сите населени места бидат обезбедени со подземна инфраструктура, тоа подразбира водоводна и одводна мрежа – рече Ѓорѓиевски.

Поврзани содржини