ГО СОВЛАДАВМЕ АЛЖИР СО 40:25 Прва победа на македонските ракометари по три порази

Кај македонските ракометари видлива беше желбата за добар резултат и одлучноста да се покаже дека во овој тим сепак има потенцијал за повисок дострел.

125

Македонската ракометна репрезентација со победа ги почна настапите во Президент купот на Светското првенство 2023. Попладнево во Плоцк совладан е Алжир со 40:25.

Ова беше прв натпревар за „црвено-жолтите” во Групата-2 за пласман од 25 – 32. место.






По трите убедливи порази во Ф-групата, избраниците на селекторот Кирил Лазаров, денес одиграа добар натпревар без оглед на противникот кој не е на ниво на Норвешка, Холандија или Аргентина. Кај македонските ракометари видлива беше желбата за добар резултат и одлучноста да се покаже дека во овој тим сепак има потенцијал за повисок дострел.

Најефикасни во победничкиот состав со по седум голови беа Дејан Манасков и Жарко Пешевски.

Во вториот меч од оваа група од 18 часот се среќаваат Тунис и Мароко.

Денешниот распоред на Мундијалот 2023 Полска/Шведска ги содржи натпреварите од Главната групна фаза играат:

Катар – Холандија 30:32

САД – Бахреин 27:32

Египет – Белгија (18:00)

Германија – Аргентина (18:00)

Данска – Хрватска (20:30)

Норвешка – Србија (20:30).

Поврзани содржини