ГО СОПРЕЛ КИП НА ИСУС ХРИСТОС! Пијан тинејџер „за влакно“ спасил жива глава во сообраќајка во Хрватска
19-годишно момче е повредено во сообраќајка кај Вараждин откако возел под дејство на алкохол, изгубил контрола и со автомобилот во голема брзина удрил во автобуска постојка, а потоа и во бетонски кип кој го сопрел автомобилот.
Во местото Срацинач во близина на Вараждин во Хрватска, вчера се случила тешка сообраќајна несреќа во која е повредено 19-годишно момче. Тој возел под дејство на алкохол и со автомобилот влетал во автобуска постојка и во тешката несреќа „за влакно“ спасил жива глава. Автомобилот во налет го сопрела бетонска статуа на Исус Христос, пренесува Индекс.хр
„Момче на возраст од 19 години управувал со автомобил под дејство на 1,70 промили алкохол. Брзината на возилото не ја приспособил на карактеристиките и состојбата на патот и со предниот дел на автомобилот налетал во метално-стаклената конструкција на автобуската постојка на која има електрична рекламна табла, а потоа во сообраќаен знак, по што продолжил да се движи по тревната површина и налетал на метална ограда и бетонска статуа со бетонска основа и ограда од жица, по што автомобилот сопред. Од ударот бетонската статуа паднала на покривот на автомобилот на 19-годишникот“ – стои во соопштението од хравтската полицијата за „чудната“ сообраќајна несреќа во близина на Вараждин.
Бетонската статуа која паднала на кровот на автомобилот на младиот човек била статуа на Исус.
19-годишното момче потоа е пренесено е во болницата во Вараждин каде му е укажана лекарска помош.