ГО СЛЕДАТ СЕКОЈ НЕГОВ ЧЕКОР Мистериозни луѓе во црно возат зад Роналдо (ФОТО)

Фудбалерот е мегапопуларен како на теренот, така и надвор од него.

3,832

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо е популарен до таа мерка што тешко некаде и на миг може да биде сам.

Неговото враќање во Англија повторно го стави во центарот вниманието во јавноста, многу поголемо отколку што беше тоа случај во мирниот Торино, а најголема причина за тоа се и британските папарацо на кои очигледно многу им недостасувал фудбалерот, па затоа го следат секој негов чекор и „ловат“ потенцијални интересни работи.






Папараците успеале да го фотографираат во текот на возењето кон тренинг во центарот на Манчестер, зад воланот на своето ново „бентли“ вредно 220.000 евра, но она што привлекло вниманието во јавноста се двајцата мистериозни господини кои го следеле возилото на Роналдо.

Секако, станува збор за двајца телохранители на ѕвездата на „црвените ѓаволи“ кои со него биле и во текот на играњето за претходниот фудбалски клуб, а кои сега го следат секој негов чекор и на улиците на Манчестер.

ФОТО: Твитер

Поврзани содржини