📽 ГО СИМНАА ЦРКОВНОТО ЗНАМЕ ПОКРАЈ КРСТОТ НА ШАПКА, ПОДИГНАА ДВОГЛАВ ОРЕЛ!? Вандализиран верски симбол на црковен имот
Во МВР се информирани за инцидентот и велат дека преземаат мерки за откривање на сторителите, но засега без резултат.
„Балистите го вејат двоглавиот орел на Попова Шапка“ – со овој наслов порталот „Тетова сот“ вечерва објави видео на кое се гледа како непознати лица го симнуваат црковното знаме и поставуваат албанско знаме на јарболите веднаш до 15 метарскиот крст во дворот на црквата на Попова Шапка.
„Ние сме на наша земја. Кои политичари го прават тоа за нас? Самите тетовци ја преземаме контролата. Браво“ – се вели во еден од коментарите.
Во МВР се информирани за инцидентот и велат дека преземаат мерки за откривање на сторителите, но засега без резултат.
„Во 18.05 часот во ЦИК-Тетово, свештеникот од црквата „Св.Наум Охридски Чудотворец“ лоцирана на Попова Шапка, пријавил дека од страна на НН лице од јарболот на црквата е симнато црковното знаме и е поставено знаме на Албанија“ – одговорија од МВР за Курир.мк.
За поставениот 15-метарски крст на имотот на манастирската црква „Свети Наум Охридски Чудотворец“ на Попова Шапка неодамна реагираа политички партии и Општина Тетово. Советничката група на ДУИ побара првиот човек на општината на седница да даде образложение како е поставен тој крст таму,.
Од црковниот одбор при манастирската црква „Свети Наум Охридски Чудотворец“ на Попова Шапка информираа дека крстот е поставен како верско обележје и претставува урбана опрема.
– Крстот не е поставен на државен имот. Крстот е поставен на црковно земјиште, како верско обележје и претставува урбана опрема, за која не се потребни градежни дозволи – рече Богосав Божиновски, член на црковниот одбор.