ГО ШЕТАЛА КУЧЕТО БЕЗ МАСКА, ТОА КАСНАЛО СКОПЈАНЕЦ Делчевка доби кривична пријава за предизвикување општа опасност
На место викано Текето во Делчево, пријавената го шетала своето куче без соодветна заштитна опрема, кое каснало лице од Скопје, соопшти полицијата.
Жителка на Делчево доби кривична пријава од полицијата за кривичното дело Предизвикување на општа опасност, затоа што нејзиното куче каснало жител на Скопје. Таа го шетала кучето слободно, без заштитна опрема.
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Ф.М.(56) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Предизвикување општа опасност. На место викано Текето во Делчево, пријавената го шетала своето куче без соодветна заштитна опрема, кое каснало лице од Скопје“, соопшти полицијата.