ГО САКАМЕ КЛУБОТ И САКАМЕ ДА ПОБЕДУВАМЕ Елмас вели дека во Наполи не постојат прв и втор тим

Наполи вчера го победи тимот на Легија со 3:0 во натпревар од Лига Европа, а нашиот фудбалски „дијамант“ го одигра целиот натпревар.

420

Во Наполи нема прв и втор тим, туку сите играме за овој клуб и сите сакаме да победиме, рече македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас за „Скај Спорт“.

Наполи вчера го победи тимот на Легија со 3:0 во натпревар од Лига Европа, а нашиот фудбалски „дијамант“ го одигра целиот натпревар.






– Нема кај нас прв или втор тим. Сите го сакаме клубот, сите играме за клубот и сите сакаме да победиме. Тоа е нашата главна цел. И пред натпреварот со Легија знаевме дека ќе победиме и на крајот успеавме. Знаеме дека кога ќе истрчаме на теренот мораме да дадеме сè од себе за да дојдеме до победата. Секоја победа за нас е важна – рече Елмас.

Нашиот фудбалер добива значително поголема минутажа откако на клупата на Наполи седна искусниот Лучијано Спалети.

Поврзани содржини