„ГО САКАМ ХИТЛЕР, ЧОВЕКОТ ДАЛ НЕШТО ВРЕДНО“ Канје Вест шокираше со својата изјава (ВИДЕО)
Доста ми е од етикетирања, секој човек дал нешто вредно, особено Хитлер. Го сакам Хитлер, нагласи музичарот во гостување кај Алекс Џонс.
Познатиот рапер Канје Вест го достигна врвот на своите антисемитски изјави. Во телевизиски настап Канје, или на кратко Је рече дека „го сака Хитлер“, а притоа носеше црна маска, пишува ДојчеВеле.
– Гледам и некои добри работи кај Хитлер – рече раперот во емисијата „Infowars“ на теоретичарот на заговори и краен десничар Алекс Џонс.
– Тој тип ги измислил автопатите, го изумил микрофонот со кој се користам како музичар. Во јавноста не смееме да кажеме дека сторил и нешто добро, доста ми е од тоа – рече Канје Вест.
Раперот кој вели дека пати од биполарно нарушување, а неодамна нафрли и дека можеби ќе се кандидира за претседател на САД на изборите во 2024 година, продолжи со провокациите, што предизвика неверување и смеа кај водителот.
“Well, I see good things about Hitler also.” -Ye pic.twitter.com/BdUj7tQXlL
— Rex Chapman🏇🏼 (@RexChapman) December 1, 2022
– Доста ми е од етикетирања, секој човек дал нешто вредно, особено Хитлер. Го сакам Хитлер – нагласи музичарот.
Но, водителот Алекс Џонс проба да го поправи:
– Нацистите биле никаквеци и правеле многу лоши работи – рече Џонс кому судот неодамна му одреди казна од речиси милијарда долари поради тоа што негирал дека во едно училиште се случил масакр.
Канје го пресече:
– Но, правеле и добри работи. Мораме да престанеме постојано да ги оцрнуваме нацистите (…) Им се восхитувам – возврати раперот.
Некои велат дека Канје боледува од биполарно нарушување. Контроверзиите со неговите антисемитски изјави му донесоа забрана повеќе да соработува со „Адидас“ во Германија, а го откачија и трговски марки „Гап“ и „Баленсијага“.
На почетокот од октомври, раперот во Париз го истакна слоганот „Животите на белците се важни“ по примерот на мотото на антирасистичкото движење „Животите на црнците се важни“.
Поради своите коментари, но и поради сликата од свастика која Канје ја постирал на Твитер, Илон Маск реши да му ја суспендира сметката.