ГО РОДИ ТРЕТОТО ДЕТЕ, А ЕДЕН МЕСЕЦ ПОТОА ИЗГЛЕДА КАКО АВИОН Карли Клос се појави во јавноста за првпат по породувањето и ги шокираше луѓето со нејзината фигура

Манекенката и поранешен ангел на Викторија Сикрет, Карли Клос, која пред само еден месец се породи со третото дете, се појави на њујоршките улици, блесна во елегантна комбинација и ги воодушеви нејзините обожаватели со својата фигура

99

 

Манекенката Карли Клос ги воодушеви фановите кога се појави на улиците на Њујорк пред нешто помалку од две недели, еден месец откако го роди своето трето дете. Клос, поранешен ангел на Викторија Сикрет, блесна во елегантна комбинација која ја истакна нејзината витка фигура.






За своето прво јавно појавување по породувањето, моделот избра црна облека која ги истакнуваше нејзините долги нозе. Носеше и елегантно сако, а комбинацијата ја надополни со црна чанта и штикли.

Карли беше видена во јавноста и во понеделник, а минувачите не можеа а да не ѝ се восхитуваат на нејзината импресивна фигура.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karlie Kloss (@karliekloss)

Клос и нејзиниот сопруг, американскиот бизнисмен Џошуа Кушнер, го пречекаа своето трето дете на 18 септември, што тој го објави на социјалните мрежи. Во тоа време, тој сподели фотографија од детето и откри дека имаат девојче, Реј Флоренс.

Моделот откри во март дека ќе го прошири своето семејство со уште еден член. Таа ја откри среќната вест во фотосесија за Vogue и на Инстаграм. „Моето семејство е сè за мене. Џошуа и јас сме неверојатно благодарни за овој благослов“, рече Клос.

Карли и Џошуа се во брак од 2018 година. Тие го добија своето прво дете, синот Леви, во 2021 година, а во 2023 година го добија Елајџа. Карли претходно рече дека родителството е нејзина најголема среќа, а исто така истакна дека сè се променило откако станала мајка.

– Мислам дека родителството нè промени во последните неколку години, но откако станав мајка, пред сè, станав многу поефикасна со моето време – рече таа.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karlie Kloss (@karliekloss)

Поврзани содржини