ГО РЕЖИРАШЕ ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ ДЕТСКИ МЈУЗИКЛ Почина режисерката Виолета Џолева

Театарот изрази сочувство до семејството.

832

На 72 години почина режисерката Виолета Џолева, објави Драмскиот театар.

Во овој театар Џолева режира повеќе претстави, меѓу кои: Луиџи Пирандело – „Хенрих IV“ (1974) ; Пол Зиндел – „Дамите од Аламо“ (1990); Несин Азис – „Убиј ме душичке“ (1997); Васил Иљоски – „Чест“ (1998); Доналд Ли Кобурн – „Партија реми“ (2018).






Театарот изрази сочувство до семејството.

Џолева дипломирала на Театарската академија во Белград во 1974 година. Била член на Радиодрамата (1958-1969); режисер во МРТ Скопје (1974-1976); режисер во Камерниот театар во Сараево (1976-1992); слободен уметник (1992-1994); од 1994 е драматург и режисер на МРТ.

Во 2018 година во Театарот за деца и младинци (ТДМ) бил прикажан првиот македонски мјузикл за деца „Земја во која не се стигнува“ според текст на Оливера Николова, а во режија на Виолета Џолева.

Поврзани содржини