Го разрешија секретарот ама ќе му ја дадат и втората доза од вакцината

Иако во саботата министерот Венко Филипче најави ревизија на сите вакцинирани, како и строги казни за оние кои направиле злоупотреби, денеска од Здравство велат дека никој друг во земјава не примил вакцина преку ред.

683

Разрешениот секретар од Охридската болница ќе си ја прими и втората доза од вакцината против ковид-19, иако беше казнет што бил вакциниран преку ред, потврди денеска Министерството за здравство.

– За секој граѓанин кој ја примил првата доза од вакцината, ќе биде обезбедена и втората доза – рекоа од Здравство одговарајќи на прашањето на Плусинфо дали на секретарот од Охридската болница кој ја прими првата доза па беше разрешен, ќе му биде дадена и втората доза.






Иако во саботата министерот Венко Филипче најави ревизија на сите вакцинирани, како и строги казни за оние кои направиле злоупотреби, денеска од Здравство велат дека никој друг во земјава не примил вакцина преку ред.

На прашањето колкав е бројот на лица вакцинирани преку ред, од Министерството одговорија:

– Според доставените списоци од страна на директорите, сите коишто се вакцинирани се здравствени работници кои работат со ковид пациенти. На Клиниките за гастроентерохепатологија и пулмологија во Скопје нема здравствени работници кои се вакцинирани преку ред.

Од Министерството денеска рекоа и дека во земјава сѐ уште нема детектирано присуство на јужноафриканскиот сој на корона вирусот.

Поврзани содржини