ГО „РАЗНЕСЕ“ ГЕНЕРАЛОТ ПО НАРАЧКА НА КИЕВ Атентаторот призна дека добил пари од украинските служби

Убиецот на генералот Јарослав Москалик, Игнат Кузин призна вина по обвиненијата за тероризам и откри кој го ангажирал.

982

Руските власти денеска соопштија дека осомничениот за убиството на рускиот генерал во Москва, Игнат Кузин признал дека го платила украинската безбедносна служба. Кузин призна вина по обвиненијата за тероризам.

Рускиот истражен комитет соопшти дека Кузин призна дека бил платен да го елиминира генерал-потполковникот Јарослав Москалик.






Заменик-началник на Главната оперативна дирекција на Генералштабот на руската армија, Москалик загина на 25 април во Москва откако во неговиот автомобил беше поставена бомба.

Украинските власти сè уште не го коментираа нападот.

📽️ (ВОЗНЕМИРУВАЧКО) БОМБА РАЗНЕСЕ ГЕНЕРАЛ ВО МОСКВА Убиен висок руски воен функционер

Поврзани содржини