ГО ПРЕТЕПАЛ ЕДНИОТ, МУ ГО СКРШИЛ МОБИЛНИОТ НА ДРУГИОТ СИН Скопјанец ги нападнал децата, екс-сопругата пријавила

Полицијата интервенирала по повик на неговата поранешна сопруга, која случајот го пријавила во СВР Скопје. Набргу потоа, околу 2 часот по полноќ, осомничениот М.К. (41) бил приведен.

361

Маж од Скопје бил приведен рано утринава откако, според пријавата, физички го нападнал едниот малолетен син, а му го скршил мобилниот телефон на другиот. Инцидентот се случил во стан во скопски Карпош, околу 00.30 часот.

Полицијата интервенирала по повик на неговата поранешна сопруга, која случајот го пријавила во СВР Скопје. Набргу потоа, околу 2 часот по полноќ, осомничениот М.К. (41) бил приведен.






Од Министерството за внатрешни работи велат:

„На 29.06.2025 во 02 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.К.(41) од Скопје, по претходна пријава од неговата 40-годишна поранешна сопруга дека околу 00.30 часот во домот физички го ападнал нивниот малолетен син, а му го скршил мобилниот телефон на другиот нивен малолетен син“.

 

Поврзани содржини