ГО ПРЕТЕПАЛ БРАТОТ СО ДРВЕНА ЛЕТВА Братска пресметка во Марино, едниот завршил во болница
Полициски службеници уапсија 37-годишен маж од село Марино поради напад врз неговиот брат со дрвен предмет, при што жртвата се здобила со тешки телесни повреди.
37-годишниот Д.Т. од село Марино беше приведен бидејќи физички го нападнал својот брат А.Т. (40) и му нанел тешки повреди.
Инцидентот се случил на 18 октомври околу 22:30 часот, по претходна семејна расправија, кога Д.Т. употребил дрвен предмет и му нанел тешки телесни повреди на братот. Нападнатиот бил пренесен на лекарска помош, а напаѓачот бил уапсен следното утро, на 19 октомври околу 09:50 часот.
Од Министерството за внатрешни работи информираа дека по целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.