ГО ПРЕКИНАА МОЛКОТ ПО ОБВИНУВАЊАТА НА ЅВЕРКАТА Ѕвездите на „Сексот и градот“ ги поддржаа жените (ФОТО)
Крис Нот го обвинија две жени за сексуално злоставување, изнесувајќи тврдења дека инцидентите се случиле во Лос Анџелес во 2004 година и во Њујорк во 2015 година.
Ѕвездите на серијата „Сексот и градот“, Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис објавија заедничко соопштение на официјалниот профил на серијата поврзано со обвиненијата за силување кои се покренати против нивниот колега Крис Нот, кој го глуми Ѕверката во серијата.
„Многу сме тажни поради тоа што ги слушнавме обвинувањата против Крис Нот. Ги поддржуваме жените кои се огласија и ги споделија своите болни искуства. Знаеме дека тоа е тешко да се направи и ги пофалуваме поради тоа“, стои во соопштението.
Крис Нот го обвинија две жени за сексуално злоставување, изнесувајќи тврдења дека инцидентите се случиле во Лос Анџелес во 2004 година и во Њујорк во 2015 година.
Потоа се јави и трета жена, која тврди дека сексуалното злоставување се случило кога имала само 18 години.
Нот ги негираше обвиненијата. Неговата сопруга Тара Вилсон, со која има две деца, после овој скандал изјавила дека се чувствува многу лошо и дека не знае дали нивниот брак ќе опстане.
– Лажни се обвинувањата против мене кои поединци ги изнесуваат со години. Овие приказни може да се од пред 30 години или пред 30 дена. „Не“ секогаш значи „не“, тоа е границата што не ја поминав. Средбите беа спогодбени. Тешко е да не се доведе во прашање времето кога беа објавени овие приказни. Не знам со сигурност зошто сега се појавуваат, но знам дека не сум ги нападнал тие жени – тврди Крис.