ГО ПРЕГАЗИВ, НО СЕ ОБИДОВ ДА ПОМОГНАМ Моторџија призна вина, но не целосно

Според обвинението, Љури по несреќата го оставил моторот и избегал, без да помогне.

595

Фатон Љури, кој со мотор го прегази скопјанецот Југослав Николовски пред неговиот дом кај паркот на Франкофонијата, денеска призна вина за делото тешки дела против безбедноста на луѓето во сообраќајот, но негираше дека не му укажал помош на повредениот.
– Се чувствувам виновен за сообраќајката, не сакав да се случи тоа. Големо сочувство до семејството. Но не е точно дека не помогнав – бев таму, а имаше и полицајци – рече Љури пред судот.
Обвинителката Марија Џабирова Велков од ОЈО Скопје посочи дека вечерта на 1 јули обвинетиот возел мотор без дозвола, по пешачка патека и со неприлагодена брзина, при што го прегазил Николовски. И покрај укажаната лекарска помош, повредениот починал.
Според обвинението, Љури по несреќата го оставил моторот и избегал, без да помогне. Сопатникот Ибрахим Хамза останал на местото и чекал полиција и итна помош.
Семејството на Николовски го следеше судењето и најави дека ќе бара оштета.

– Се надеваме дека правдата ќе функционира и дека за вакво дело ќе има соодветна казна – изјави Бојан Бошковски, зет на покојниот.
Судењето за делото за кое Љури призна вина продолжува на 24 октомври, кога ќе се разгледува висината на казната, а постапката за неукажување помош ќе се одржи на 11 ноември.

Поврзани содржини