ИЗБЕГАЛЕ ОТКАКО ГО ПРЕГАЗИЛЕ СО АВТОМОБИЛ И СО МОТОР Пешак е тешко повреден во Капиштец

699

На крстосница од улицата Васил Ѓоргов и улицата Народен фронт во скопски Капиштец, вчера попладне се случила сообраќајна несреќа во која со тешки телесни повреди се здобил пешакот Д.Ј. (36) од Кавадарци.

„Според пријавеното, во него удриле патничко возило и мотоцикл „пиаџо“ со скопски регистарски ознаки, кои по незгодата го напуштиле лице местото. Д.Ј. бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје каде му биле констатирани тешки телесни повреди“, информира МВР.






Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини