ГО ПРАТИЛЕ ДЕДО ВО УРГЕНТНО… Нападнал и вработена и полицаец

Агресивниот 85-годишник делел „правда“ на Ургентно, па завршил во полициска станица.

671

Вчера во 08.55 часот, полициски службеници од СВР Тетово го привеле 85-годишниот Н. В. од Тетово бидејќи нападнал вработена во Ургентен центар Тетово, а потоа и полицаец кој интервенирал.

Нападната П. Е. од Тетово, вработена во Ургентен центар Тетово, пријавила дека во 08.30 часот Н. В. физички ја нападнал на работното место, а подоцна физички нападнал и полициски службеник кој преземал службени дејствија.






Од СВР Тетово велат дека тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.

Поврзани содржини