📽️ ГО ПРАШАА ЗА КЕЈТ, ТОЈ БРЗО ЈА ПРОМЕНИ ТЕМАТА Краток одговор на принцот Вилијам за здравјето на принцезата

Здравствената состојба на принцезата од Велс сè уште е мистерија, па љубопитните граѓани сè почесто го прашуваат принцот Вилијам за неа.

335

Здравствената состојба на принцезата од Велс сè уште е мистерија, па љубопитните граѓани сè почесто го прашуваат принцот Вилијам за неа.

Принцот Вилијам, престолонаследникот и син на кралот Чарлс Трети, денеска посетил една болница на островите Сили, каде љубопитните граѓани го прашале за неговата сопруга Кејт Мидлтон.






Да потсетиме, принцезата од Велс беше оперирана во јануари, а на крајот на март објави дека ѝ е дијагностициран рак, поради што се повлече од јавноста и се посвети на лекувањето.

Еден член на болничкиот персонал го прашал принцот од Велс за здравјето на неговата сопруга.

– Дали ви пречи ако ве прашам како се вашата сопруга и децата – го прашала жената Вилијам, а тој кратко одговорил:

– Сè е во ред, благодарам. Сите сме добро – кратко одговори принцот Вилијам.

Вилијам потоа брзо ја променил темата и ја пофалил жената покрај неа поради значката што ја имала на својата облека.

 


Меѓутоа, принцот додал дека на неговите деца им е жал што не се со него.

„Моите деца се многу љубоморни што сум тука и што не дојдоа и тие“.

Како што истакнал Вилијам, се надева дека подоцна оваа година ќе може да ги однесе во Корнвол.

Принцот постепено се враќа на своите кралски должности откако одвои малку време за да се фокусира на семејството додека неговата сопруга Кејт се бори со ракот.

Да потсетиме, Кејт Мидлтон последен пат официјално се појави во јавноста на крајот на декември, а на 22-ри март соопшти дека има рак.

„Во јануари бев подложена на голема абдоминална операција во Лондон, а во тој момент се мислеше дека мојата состојба не е канцерозна. Операцијата беше успешна, но тестовите по операцијата покажаа дека ракот е присутен. Мојот медицински тим ми предложи превентивна хемотерапија и сега сум во рана фаза на тие третмани“, изјави Кејт и додаде дека ова, природно, било шокантно за сите нив, а најтешкиот дел било сè да им се објасни на децата.

Поврзани содржини