ГО ПОЗАЈМИЛ АВТОМОБИЛОТ, ПА ГО НАЈДЕ ПРОДАДЕН НА ОТПАД Тетовец останал без „бмв“ по чудна измама

35-годишник од Тетово тврди дека негов познаник го позајмил автомобилот, а по неколку дена го пронашол оштетен на отпад откако бил продаден од механичар.

384

35-годишен жител на Тетово пријавил дека останал без своето возило откако му го позајмил на познаник, кој наместо да го врати, го оставил кај механичар, а потоа автомобилот завршил на отпад.

Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен на 29 март околу пладне во СВР Тетово. Оштетениот навел дека неговиот познаник А.Х. побарал да му го позајми неговото возило „BMW“, по што го известил дека автомобилот наводно се расипал и бил оставен кај механичар.






По неколку дена безуспешни обиди да стапи во контакт и да го добие возилото назад, сопственикот на 28 март се соочил со механичарот. Тој му признал дека автомобилот го однел на отпад во селото Слатино.

Кога сопственикот го пронашол автомобилот, тој бил оштетен. Од сопственикот на отпадот добил информација дека возилото било купено токму од механичарот.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот

Поврзани содржини