ГО ПОВРЕДИВТЕ НАШИОТ СУВЕРЕИТЕТ Ирак ги предупреди САД дека нападите можат да го дестабилизираат регионот

Белата куќа објави дека САД ги информирале властите во Ирак дека ќе бидат извршени напади.

634

Портпаролот на ирачката војска изјави дека американски воздушни напади биле извршени врз ирачките погранични области, предупредувајќи дека нападите би можеле да предизвикаат нестабилност во регионот.

– Овие воздушни напади претставуваат кршење на ирачкиот суверенитет, ги поткопуваат напорите на ирачката влада и претставуваат закана што може да ги доведе Ирак и регионот до страшни последици – изјави портпаролот на ирачката војска Јахја Расул.






Белата куќа објави дека САД ги информирале властите во Ирак дека ќе бидат извршени напади.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави:

„Нашиот одговор започна денеска. Ќе продолжи во моменти и места по наш избор.  САД не бараат конфликт на Блискиот Исток или на кое било друго место во светот“.

Поврзани содржини