ГО ПОВИКА ЛИ ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОЛИВЕР СПАСОВСКИ НА РАЗГОВОР? Дали обвинителот Коцевски штити моќници и прикрива скандали, прашува ВМРО-ДПМНЕ
Според информациите кои излегоа во јавноста, а се обелоденети во медиуми се фрла сомнеж на вмешаност на врвот на СДСМ во случајот со нелегалното работење на дискотеката „Пулс“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Јавноста мора да добие одговор дали Оливер Спасовски во својство на министер за внатрешни работи лично се јавувал во СВР Штип и барал да се изврши притисок врз полицијата во Кочани за да се заштити газдата на дискотеката „Пулс“, прашува ВМРО-ДПМНЕ?
Според информациите кои излегоа во јавноста, а се обелоденети во медиуми се фрла сомнеж на вмешаност на врвот на СДСМ во случајот со нелегалното работење на дискотеката „Пулс“, соопшти партијата.
„Според објавените телефонски разговори од 17 февруари 2022 година, синот на газдата на „Пулс“ Михаил Јованов се пофали на лицето Бојана дека „Оливер Спасовски се е јавувал у Штип у полицијата за нас“. Во разговорот се споменува казна од 40.000 од УЈП, која според наводите требало да се „среди“ преку политичка интервенција. Наместо полицијата да го спроведува законот, била под притисок „да не досадува“. „И он кажал тој началникот од Кочани утре одма на информативен разговор да дојде… кај началникот за Источна Македонија… ќе им с’ржат малку… да се посерат“ завршува Михаил. Ова е сериозно обвинување за злоупотреба на функција, влијание врз институциите и партиска заштита на блиски бизниси“, соопштиВМРО-ДПМНЕ.
Дали Јавното обвинителство покренало постапка по овие наводи, прашува ВМРО-ДПМНЕ.
„Дали Оливер Спасовски бил повикан на разговор и која е неговата улога во заштитата на газдата на дискотеката „Пулс“ и работата на дискотеката? Дали е извршена контрола во СВР Штип и ОВР Кочани? Дали Коцевски работи според закон или по нарачка на СДСМ? Коцевски и ЈО да не молчат. Доколку не е постапено, тоа значи дека Обвинителството свесно го прикрива скандалот и штити моќници“, се вели во соопштението на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.