ГО ПОТКОПУВА ЛИ ЕВРОПА ПЛАНОТ НА ТРАМП ЗА МИР ВО УКРАИНА? На фон дер Лајен ѝ пречи ограничувањето на персоналот во украинската армија
Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто денеска изјави дека лидерите не Европска Унија се обидуваат да го поткопаат мировниот план на САД за Украина и да ги принудат Украинците да ги продолжат воените дејствија против Русија.
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека ЕУ мора да игра „централна улога“ во обезбедувањето мир во Украина и дека ова е еден од главните елементи за „праведен и траен мир и суверенитет на Украина“.
Делегација од Украина, европски безбедносни претставници и американска делегација предводена од државниот секретар Марко Рубио денеска се среќаваат во Женева за да разговараат за неодамна протечениот предлог на САД за прекин на војната во Украина.
Во соопштение објавено на веб-страницата на ЕК, фон дер Лајен изјави дека одржливиот мировен план, покрај запирањето на војната, не смее „да сее семе на иден конфликт“.
Таа додаде дека „границите не можат да се менуваат со сила“ и го отфрли ограничувањето на персоналот во украинската армија, што е една од точките на протечениот мировен план.
„Не може да има ограничувања на украинските вооружени сили што би ја направиле земјата ранлива на идни напади и со тоа би ја поткопале европската безбедност“, се вели во соопштението.
Фон дер Лајен изјави дека „Украина мора да има слобода и суверено право да ја избере својата судбина“ и дека избрала „европска судбина“, додавајќи дека ЕУ ќе продолжи да работи со Украина, коалицијата на земји што ја поддржуваат Украина и САД за да се постигне „вистински напредок кон мирот“.
Таа изјави дека „клучен елемент“ на мировниот договор мора да биде и „враќањето на секое украинско дете киднапирано од Русија“.
Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто денеска изјави дека лидерите не Европска Унија се обидуваат да го поткопаат мировниот план на САД за Украина и да ги принудат Украинците да ги продолжат воените дејствија против Русија.
Според него, таквиот став на ЕУ може да доведе до трета светска војна.
– Претседателот на САД, Доналд Трамп вложува напори за мир. Ние, Унгарците, ги поддржуваме, а Брисел и западните Европејци се обидуваат да ги поткопаат – истакна Сијарто за радио Кошут.
Тој додаде дека во моментов постојат јасни разлики во ставовите на САД и ЕУ за Украина.
– Американската администрација тргнува од реалноста, се придржува до политичка стратегија заснована на здрав разум и сака да ја заврши војната, додека во Брисел сè уште владее воената психоза – истакна Сијарто додавајќи оти западноевропските политичари „се подложени на луд воинствен став и сакаат да ја продолжат војната“.
Унгарскиот министер за надворешни работи предупреди дека доколку ескалира воениот конфликт и доведе до директен судир меѓу НАТО и Русија, тоа ќе иницира „трета светска војна, која ќе биде нуклеарна и во која ќе биде невозможно да се преживее“.
Според Сијарто, за да се избегне таквото сценарио потребно е ЕУ и Украина да се согласат со новиот американски мировен план.