ГО ПОЛИЛ СО БЕНЗИН И ГО ЗАПАЛИЛ СВОЈОТ ТАТКО, ПА СЕ ПОКАЈАЛ Приведен 20-годишник од прилепско

Таткото е пренесен во прилепската болница со изгореници, а синот завршил во полиција.

400

20-годишник од приплепско село во семејна распрафија физички го нападнал, а потоа го запалил својот татко. Но, по направеното дело брзо реагирал и успеал да го изгасне огнот. Таткото е пренесен во прилепската болница со изгореници, а синот завршил во полиција.

„На 17.08.2023, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово го лишиле од слобода Т.И.(20) од прилепско село затоа што физички го нападнал својот 51-годишен татко.






Според пријавеното, тие и на 11.08.2023 имале семејна расправија, по што Т.И. со запалива течност го полил и го запалил татка си, по што веднаш потоа со ќебе го изгасил огнот. 51-годишниот маж се здобил со изгореници, констатирани во ГОБ Прилеп.

Т.И. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“ – стои во известувањето од МВР.

Поврзани содржини