ГО ПОЛИЛ СО БЕНЗИН И ГО ЗАПАЛИЛ „МЕРЦЕДЕСОТ“ НА СОСЕЛАНИНОТ Во притвор заврши 35-годишен маж од Кондово

СВР Скопје против А.Г. поднесе кривична пријава за сторено кривично дело Предизвикување општа опасност, соопшти полицијата.

236

Маж од скопско е уапсен поради палење возило и одреден му е притвор, соопшти полицијата.

„На 20.9.2025 година полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Г.(35) од с. Кондово, скопско, затоа што истиот ден околу 9 часот во Кондово, со употреба на бензин, го запалил патничкото возило „мерцедес”, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ш.Ѓ.(51) од с. Кондово. СВР Скопје против А.Г. поднесе кривична пријава за сторено кривично дело Предизвикување општа опасност, по член 288 од Кривичниот законик“, соопшти полоцијата.






Од страна на судија на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје, одредена му е мерка притвор во траење од 8 дена, се додава во соопштението.

Поврзани содржини