ГО ПОКОСИ СО МОТОР КАЈ „ЖАБАРОТ“, ПА БЕГАШЕ Обвинение за возачот кој го усмрти пешакот Југослав

Обвинителството поднесе обвинение за трагичната смрт на 67-годишниот Југослав Николовски, возачот возел мотор по пешачка патека без дозвола и избегал по несреќата.

1,714

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против лице кое со мотор го усмрти 67-годишниот Југослав Николовски, откако без дозвола и спротивно на сите сообраќајни правила управувал возило по пешачка патека и потоа избегал од местото на несреќата без да им укаже помош на повредените.

Трагичниот инцидент се случил на 1 јули годинава, во вечерните часови, на улицата Јордан Хаџи Константинов – Џинот во Скопје, кога обвинетиот со мотоцикл марка „Кавасаки“ влегол на пешачка патека каде сообраќајот со моторни возила е строго забранет.






„Возачот го управувал моторното возило без да поседува возачка дозвола, со брзина од 35 километри на час. Иако тоа е под максимално дозволената брзина во населено место, на локацијата каде се движел таа претставува небезбедна брзина, бидејќи станува збор за пешачка патека“, соопштија од обвинителството.

Заради неприлагодената брзина и целосното игнорирање на сообраќајните правила, возачот не успеал навремено да сопре и директно удрил во пешакот Југослав Николовски, кој бил тешко повреден, а исто така повреден бил и сопатникот на моторот. Обвинетиот, според обвинението, не застанал за да им помогне, туку го оставил моторот и избегал од местото на несреќата.

Пешакот бил итно пренесен во Ургентниот центар во Скопје, но, за жал, набргу им подлегнал на повредите. Сопатникот, пак, се здобил со полесни телесни повреди.

Обвинителството по завршување на истрагата утврдило дека постојат цврсти докази за кривично гонење на осомничениот, кој се товари за „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и за „Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, кривични дела предвидени во член 300 став 2 и член 301 од Кривичниот законик.

„И покрај тоа што брзината била технички под границата на дозволеното, фактот дека возачот управувал мотор на место каде тоа е забрането, и без возачка дозвола, доволно говори за степенот на неговата несовесност. Неговото бегство само ја зацврстува сериозноста на делото“, велат од обвинителството.

Сега надлежниот суд ќе треба да го разгледа Обвинителниот акт, по што ќе следи судска постапка. Обвинетиот е соочен со сериозни казни, бидејќи сторил повеќе прекршоци со трагични последици.

ОТКРИЕНИ ДЕТАЛИ ЗА ПРЕГАЗЕНИОТ ПЕШАК НА КЕЈ Полицијата објави информации за несреќата, се бара возачот на мотоциклот

УАПСЕН 25-ГОДИШНИКОТ КОЈ СО „КАВАСАКИ“ УСМРТИ ПЕШАК НА ЛЕНИНОВА Ќе добие пријава по брза постапка

МОТОЦИКЛИСТОТ КОЈ ПРЕГАЗИ ПЕШАК НЕМАЛ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА И НЕМАЛ ТАБЛИЧКИ Обвинителството соопшти детали, поведена е истрага

Поврзани содржини