ГО ПОКОСИ МОЗОЧЕН УДАР Почина кошаркарот Стеван Јеловац

4,383

Српскиот кошаркар Стефан Јеловац почина денеска на 32-годишна возраст како последица на мозочен удар кој го добил пред три недели за време на тренинг со својот клуб, грчки АЕК.

Лекарите во прв момент го спасиле неговиот живот и Јеловац во крајно тешка состојба бил пренесен во клиниката во Белград, каде денеска и официјално беше констатирана смрт на младиот спортист.






Токму грчкиот клуб прв ја објави информацијата за големата трагедија и смртта на 31-годишниот кошаркар.

„Трагедија, болка што не може да се опише. Тажна вест пристигна од Србија, нашиот борец, нашиот брат, Стеван стана ангел. Одлета кон небото“, спишува на официјалната веб-страница на АЕК.

Репрезентативецот Стеван Јеловац летово пристигна во АЕК по една година мината во Јапонија. Во кариерата настапуваше за Мега, Црвена Звезда, Анталија, Казерта, Ритас, Сарагоса, Нижњи, Бамберг и Газиантеп.

Поврзани содржини