ГО ПОКАЖАЛА СЕКСИ ГРАДНИКОТ ПОД РАСКОПЧАНАТА БЛУЗА Актерката беше главна ѕвезда на шоуто на Ријана (ФОТО)

4,695

Актерката Ванеса Хаџенс не губи време на секојдневни ситници, туку ја користи секоја прилика да блесне во полн сјај.

Таа се појави во шоуто на Ријана „Savage x Fenty“ кон средината на оваа недела, а на црвениот тепих беше во едноставен темно зелен комплет, но кога се сврте, ја покажа целата своја раскошност.






Ванеса носела раскопчана блуза и градникот го исфрлила во преден план. Неодамна почнаа да кружат гласини дека таа била на операција на градите, но младата актерка за тоа не се изјаснила.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Just Jared (@justjared)

Пред неколку години, таа во интервју рече дека во врска со таквите операции ширум светот има голем притисок врз жените.

Пред неколку години во едно интервју зборуваше за притисокот кои жените го чувствуваат во врска со пластичните операции:

„Тоа нема врска само со мојата индустрија, живееме во Америка. Тоа е едноставно притисокот од општеството во кое живееме. Ако ги погледнете културите ширум светот и нивното поимање на убавината, ќе сфатите колку жените се прекрасни во своите различности“, изјавила тогаш актерката.

 


Ванеса наводно е во врска со фудбалерот Кол Такер од минатата година. Тоа ѝ е воедно и прва романса по раскинувањето со Остин Батлер со кој беше во врска години девет години.

Како причина за прекин на врската се споменуваше тоа дека таа сè уште не сака деца, за што и самата јавно зборувала:

„Сакам да се венчам, да патувам, а потоа да имам деца. Веројатно во доцните 30-ти. Сечиј часовник е поинаков“.

Пред Остин, Ванеса беше во врска со актерот Зек Ефрон од 2005 до 2010 година.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини