„ГО ПОКАНИВ, МНОГУ МИ СЕ НАЛУТИ“ Јелена Карлеуша откри дека Канје Вест ја блокирал на Инстаграм
Српската музичка ѕвезда Јелена Карлеуша откри дека славниот рапер Канје Вест ја блокирал на Инстаграм поради, за неа, непознати причини.
Српската музичка ѕвезда Јелена Карлеуша откри дека славниот рапер Канје Вест ја блокирал на Инстаграм поради, за неа, непознати причини.
Инаку, деновиве во српските медиуми осамна веста дека поранешната сопруга на Канје, Ким Кардашијан, во јуни ќе го посети Белград, наводно, поради отворање на продавница од нејзиниот бренд СКИМС.
Јелена открила дали ќе оди на отворањето на бутикот на Ким Кардашијан, доколку дојде во Србија.
– Не знам дали навистина доаѓа. Ако дојде, мило ми е што ќе го види Белград. Јас сум обожавател на нејзиниот бренд, зошто да не бидам на отворањето, ќе ѝ испратам порака – истакнала Карлеуша, пишува српски „Телеграф“.
На прашањето како Канје би реагирал доколку ја види во друштво на својата поранешна сопруга Ким, Јелена одговорила:
– Еве една ексклузива! Кога се појавив на модната ревија на „Ветементс“ во Париз, Канје многу ми се налути, а не знам зошто и ме блокираше на Инстаграм, иако го поканив да дојде. Тој имаше некој проблем… „Баленсијага“ и „Ветементс“ имаат свои кланови, така што кога се појавив таму, тој „повеќе не ми беше пријател“, не знаев зошто – рекла Карлеуша.