ГО ПОКАНИЛ НА КАФЕ ВО ШТИП И ГО УБИЛ Поднесено обвинение за убиецот и за четворица други кои му помагале

Еден од обвинетите се товари за директно извршување на убиството и за неовластено држење на оружјето со кое било извршено убиството, додека тројца ќе одговараат за помагање во убиството.

177

Обвинителство од Штип поднесе обвинение за петмина турски државјани инволвирани во убиството на Енес Оздемир од Турција во мај годинава.

Еден од обвинетите се товари за директно извршување на убиството и за неовластено држење на оружјето со кое било извршено убиството, додека тројца ќе одговараат за помагање во убиството.






„Првообвинетиот 21- годишник без регулиран престој во државава, на почетокот на мај од непознато лице во Скопје, неовластено купил полуавтоматско огнено оружје –пиштол марка “FEG” , калибар 9 мм, со избришани податоци за модел и сериски број. Преку мобилни апликации се договорил со оштетениот на 8 мај да се сретнат во кафе бар во центарот на Штип, седнале на една од масите во аголот од летната тераса на кафе барот и разговарале околу 15 минути. Во еден момент обвинетиот отишол до тоалетот и веднаш се вратил, го извадил пиштолот и започнал да пука кон оштетениот, нанесувајќи му 6 огнострелни повреди од кои починал“м наведе обвинителството во соопштението.

Тројца обвинети, иако знаеле и биле свесни за неговите намери да го лиши од живот оштетениот, му обезбедиле логистичка поддршка за извршување на делото.

„Кога првообвинетиот пристигнал во Скопје, на 30.04 му обезбедиле сместување во станот кој и тие го користеле подолг временски период претходно, а му помогнале и преку засега непознати лица да го набави пиштолот. На денот на убиството, со возило на еден од обвинетите, заедно го превезле до Штип. По извршување на убиството, со цел да не бидат откриени, ја повикале и петтата обвинета да ги превезе со друг автомобил во нејзина сопственост, па сите заедно се упатиле кон Скопје. Кога пристигнале пред наплатната рампа за патарина Миладиновци и кога забележале дека на патарината е поставено полициско возило кое врши контрола, обвинетата иако знаела дека првообвинетиот е извршител на убиство и по него се трага, се обидела да му помогне да не биде откриен и фатен. Таа го запрела возилото на околу 300 метри пред патарината, овозможувајќи му на директниот извршител да излезе и да почне да бега надвор од коловозот, покрај автопатот, каде подоцна бил пронајден и уапсен“, се наведува во соопштението.

Останатите продолжиле да се движат со возилото кон патарината и биле запрени од полициските службеници, кои започнале да ги легитимираат и да вршат преглед над возилото. Иако се обиделе да се дадат во бегство, сепак за кратко време биле фатени и лишени од  слобода.

За четворица обвинети јавниот обвинител побара да биде продолжена мерката притвор, додека за петтата обвинета на сила се претходно определени мерки на претпазливост.

Поврзани содржини