ГО ПОГОДИ ПЕСНАТА Новак Ѓоковиќ награди уличен уметник во Нови Сад (ВИДЕО)

И двајцата се однесуваа како најнормален пар, не сакаа на другите да им ја „украдат“ славата на празникот на љубовта, а се прошетаа и низ центарот на градот.

11,404

Најдобриот тенисер на денешницата Новак Ѓоковиќ го прослави Денот на заљубените во Нови Сад, каде што заедно со сопругата Јелена присуствуваше на концертот на Жељко Самарџиќ.

И двајцата се однесуваа како најнормален пар, не сакаа на другите да им ја „украдат“ славата на празникот на љубовта, а се прошетаа и низ центарот на градот.






Некој од фановите на Ноле го снимил својот омилен тенисер како му приоѓа на еден уличен уметник и му дава пари.

„Тоа е вистински човек, има вредности кои треба да ги поседува секој жив на светов“. „Никогаш не ја пропушта шансата да биде добар кон другите, Ноле има златно срце“. „Голем човек си Новаче“. Ова се само дел од коментарите кои се појавија под видеото.

Во продолжение, погледнете ја снимката:

Поврзани содржини