ГО ПОЧИТУВАМ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР, АМА МОЈАТА ТАТКОВИНА СЕ ВИКА МАКЕДОНИЈА Мое право е како ќе ја нарекувам својата земја, порача Мицкоски
Не очекувам талибански однос, цензурирање на елементарно човеково право, а сѐ што е содржано во Преспанскиот договор и е дел од нашиот правен систем и уставен поредок идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го почитува, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и иден мандатар, Христијан Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и иден мандатар посочи дека негово човеково право е како ќе ја нарекува неговата татковина и не очекувал талибански однос и цензурирање на тоа право.
Тој порача дека не им се лути на некои други политичари од други земји кои не го кажуваат целосното име на нивната држава и затоа во секоја изјава неговата татковина ќе ја нарекува Македонија.