Го победив туморот: Младиот македонски јутјубер низ солзи-радосници раскажа ВИДЕО

399

Младиот јутјубер Стефонатор со солзи-радосници преку своето видео насловено „Го победив туморот“, ја информираше јавноста дека ја победил лошата болест.

Тој претходно преку емотивни исповеди објавуваше детали од самата дијагноза и за терапијата.






Стефан Рашковиќ дозна дека има тумор на тестиси во јули минатата година и оттогаш помина низ две операции и неколку циклуси хемотерапија за да може низ солзи-радосници да каже „имав резултати завчера, што ми кажаа дека сум излекуван“.

– Изгледа конечно заврши овој хорор и се чувствувам како сега, во моментов, да ми почнува некојси втор живот – вели младиот јутјубер, потенцирајќи дека сега ќе може повторно да се врати со полна пареа на креирањето на содржини.

Тој во видеото вели дека им дава поддршка на сите коишто во моментот поминуваат низ овој тежок пат, притоа посочува дека најдобар совет што може да го даде е секој да работи на својата психа, да го чува своето психичко здравје, да се опкружи со позитивни луѓе и позитивно да гледа на работите.

Младиот јутјубер им се заблагодари на сите за огромната поддршка што ја добивал.

 

ФОТО: Јутјуб

Поврзани содржини