ГО ПОБЕДИЛ РАКОТ И ЖИВОТОТ МУ СЕ СМЕНИЛ НА ПОДОБРО Актерот Стенли Тучи проговори за својата борба

Американскиот актер Стенли Тучи (64) проговори за својата борба со ракот на јазикот, кој му бил дијагностициран во 2017 година, неколку години откако ја загубил својата прва сопруга Кејт од рак на дојка.

95

Американскиот актер Стенли Тучи (64) проговори за својата борба со ракот на јазикот, кој му бил дијагностициран во 2017 година. Неколку години претходно тој ја загубил својата прва сопруга Кејт, од рак на дојка.

Тучи поминал низ тежок третман кој траел 35 дена, вклучувајќи шест циклуси хемотерапија. За време на третманот, тој ослабел околу 15 килограми, не можел да јаде и бил хранет преку цевка шест месеци.
– Беше ужасно да се помине низ тоа откако починаа мојата сопруга и пријателите, но сега сум посреќен отколку што бев порано – изјавил актерот за The Times.






Неговата прва сопруга, Кејт, починала во 2009 година на 47-годишна возраст по битка со ракот на дојка. Тие имаат син, Никола, и ќерка, Камила. Тучи претходно признал дека никогаш не престанал да тагува за нејзината смрт.

– Сè уште е тешко и по 11 години. Тешко е. И секогаш ќе биде тешко. Таа никогаш не би сакала никој од нас да тагува до тој степен што таа болка ќе ги преплави и ќе ги преземе нашите животи. Таа никогаш не би го сакала тоа. Таа не беше таква – рекол Тучи во 2021 година.

Откако самиот поминал низ болеста, тој вели дека неговиот поглед на животот и здравјето се променил. Почнал редовно да вежба и се посветил на здрав начин на живот.

– Навистина не можам да издржам повеќе од 24 часа без да вежбам. Во многу подобра форма сум отколку што бев пред да се разболам. Имам посилно чувство за сопствениот идентитет, ќе наполнам 80 години за 15 години и има многу работи што сакам да ги направам пред тоа – рекол тој.

Тучи сега е во брак со Фелисити Блант, сестра на актерката Емили Блант. Тие се заедно 12 години и имаат две деца, синот Матео и ќерката Емилија.

Поврзани содржини