ГО ПЦУЕШЕ БАЈДЕН ВО ЖИВО НА ТЕЛЕВИЗИЈА „Среќен Божиќ и … напред Брендон“ (ВИДЕО)
Ајде да одиме, Брендон“ е шифра за вулгарна порака која се римува со „Ајде, Бајден“. Оваа мала рима настанала на 2 октомври годинава, кога во трката на НАСКАР во Алабама луѓето што го мразеле Бајден извикувале „Ебати Џо Бајден“, но тоа звучело како „Ајде Брендон“ и сите мислеле дека тие навиваат за Брендон Браун, возачот кој победил во трката.
Американскиот претседател Џозеф Бајден и неговата сопруга Џил организираа повик преку видео врска и разговараа со деца ширум Америка, што е традиција на Белата куќа, а се емитува и на телевизија. Сè се одвивало според планот сè додека еден од родителите кои се вмешале не го опцуил претседателот, кој веднаш не разбрал за што се работи, пишува Нова.
CALLER: “Merry Christmas and Lets Go Brandon:”
BIDEN: “Lets Go Brandon, I agree” pic.twitter.com/K8PpzceB3K
— Greg Price (@greg_price11) December 24, 2021
Во текот на разговорот се појавило семејство од Орегон – Грифин (11), Хантер (3), Пајпер (4) и Пенелопе (2), како и нивниот татко Џаред. Откако размениле неколку реченици, првата дама Џил му посакала среќен Божиќ на семејството во Орегон, а во убавите желби се придружил и претседателот. Таткото на четирите деца одговорил дека се надева дека првото семејство во САД ќе го дочека убав и мирен Божиќ, а потоа следувал делот кој никој не го очекувал.
„Среќен празник и … ајде да одиме Брендон“, рекол Џаред, на што Бајден одговорил дека се согласува со пораката и рекол и „Ајде да одиме Брендон“.
Меѓутоа, американскиот претседател во тој момент не знаел што се крие зад необичната порака.
Имено, „Ајде да одиме, Брендон“ е шифра за вулгарна порака која се римува со „Ајде, Бајден“. Оваа мала рима настанала на 2 октомври годинава, кога во трката на НАСКАР во Алабама луѓето што го мразеле Бајден извикувале „Ебати Џо Бајден“, но тоа звучело како „Ајде Брендон“ и сите мислеле дека тие навиваат за Брендон Браун, возачот кој победил во трката.
Подоцна се дозна дека тие го пцуеле Претседателот и шегата остана.