ГО ОСТВАРИ СОНОТ, ГО РАЗВИОРИ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ Ивановски го истрча олимпискиот маратон на 69 позиција
Најдобриот атлетичар од нашата земја и покрај сите проблеми кои ги имаше пред трката, успеа да смогне сили и да стигне на финишот.
Дарио Ивановски го оствари својот сон и стана првиот македонски олимпиец кој завршил една маратонска трка, откако денеска успеа да пристигне на финишот во Версај и да го развиори македонското знаме.
Дарио истрча за време од 2:28.15. и стигна на целта како 69-ти .


