ГО ОСТАВИЛЕ ЕЛЕКТРИЧНИОТ СКУТЕР ВКЛУЧЕН? Нови детали за пожарот во Нови Сад

Порталот Мондо исто така пишува дека неофицијалната причина за пожарот бил електричен скутер кој бил оставен вклучен. Се вели дека се запалила батеријата на скутерот. Исто така, неофицијално, причина за смртта на загинатите е гушење и дека сите спиеле заедно во една соба. Според српски „Блиц“ бебето било пронајдено во рацете на мајката.

964

Дедото на четирите дечиња кои изгореа во синоќешната трагична пламена стихија во Нови Сад заедно со нивните двајца родители пробал да го спаси семејството заедно со соседот, но пожарот веќе бил преголем, пишува српски Мондо.

– Видов дека гори, почнав да им се јавувам, но не ме слушнаа – изјави првиот сосед на семејството кое загина во пожарот во текот на ноќта.






Порталот Мондо исто така пишува дека неофицијалната причина за пожарот бил електричен скутер кој бил оставен вклучен. Се вели дека се запалила батеријата на скутерот. Исто така, неофицијално, причина за смртта на загинатите е гушење и дека сите спиеле заедно во една соба.  Според српски „Блиц“ бебето било пронајдено во рацете на мајката.

Овие информации допрва треба да ги потврди или демантира српската полиција.

Во куќата до изгорената живеат најблиските роднини на семејството на жртвата. Се собираат соседите и пријателите и сите што ги познавале. Српски Блиц пишува дека се слушаат крици и лелеци.

Девет пожарникари со две возила го гасе пожарот во кој изгореа Данијел А, Маја С и нивните четири деца на возраст од 2,4,5 и 7 години.

📷 ПОЖАР ВО НОВИ САД ПРОГОЛТА ЦЕЛО СЕМЕЈСТВО, СРБИЈА НЕ ПАМЕТИ СЛИЧНА ТРАГЕДИЈА Живи изгореа двајца родители и нивните четири деца

 

 

Поврзани содржини