ГО ОСТАВИЛА БЕБЕТО САМО, ЌЕ Ѝ БИДЕ ОДЗЕМЕНО Гостиварка ќе го изгуби родителското право

Детето беше пренесено во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош, а се работи на сместување на уште две деца од истото семејство.

366

Гостиварката, која остави седумесечно бебе само и без грижа, најверојатно ќе биде лишена од родителското право. За тоа е поведена постапка во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Гостивар, каде од синоќа се работи на сместување на уште две деца од истото семејство.

Во СВР Тетово завчера беше пријавено дека во куќа на улица „Илинденска“ во Гостивар било оставено само малолетно дете. Според пријавеното, го оставила неговата 39-годишна мајка.






Во присуство на претставници од Центарот за социјални работи, кои го пријавиле случајот, детето беше пренесено во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош.

Поврзани содржини