ГО ОСТАВИЛА БЕБЕТО САМО 5 ДЕНА И ЗАМИНАЛА ВО ДРУГ ГРАД Полицијата пронашла морничава слика во домот, 17-годишната мајка мува не ја лази

Детето било итно однесено во болница во критична состојба, каде што лекарите на одделението за интензивна нега се бореле за неговиот живот повеќе од пет месеци. Малото дете било толку неухрането што секоја коска на неговото тело била видлива.

1,440

Седумнаесетгодишно девојче од Киев е обвинето откако е откриено дека го оставила своето седуммесечно бебе само во својот стан пет дена.

Детето било пронајдено во критична состојба во стан во Киев претходно оваа година, а лекарите кои се грижеле за момчето плачеле од тага кога го виделе детето.






Според обвинителството, осомничената го оставила своето седуммесечно бебе во изнајмен стан во Киев во јануари и отпатувала во Харков. Детето наводно било заклучено само во станот пет дена, а кога полицијата го пронашла момчето, неговиот живот бил во опасност.

Полициските службеници биле пречекани со морничава сцена. Бебето, видливо неухрането и дехидрирано, лежело во креветче, речиси на работ на свеста. Веднаш било јасно дека детето најверојатно било запоставено од раѓање.

Детето било итно однесено во болница во критична состојба, каде што лекарите на одделението за интензивна нега се бореле за неговиот живот повеќе од пет месеци. Малото дете било толку неухрането што секоја коска на неговото тело била видлива.

Не само што детето не било редовно хрането, туку и пелените на момчето не биле редовно менувани, ниту пак било вадено од креветчето, поради што имал бројни декубитуси по целото тело.

– На лекарите им требало долго време да го стабилизираат детето, а сега конечно можеме да кажеме дека повеќе не е во опасност – изјави д-р Евгенија Григориев, директорка на Киевската детска болница.

Момчето сега има година и пол и се разгледува можноста за отпуштање од болницата. Властите пронајдоа згрижувачко семејство кај кое би можело да се смести малото дете.

Д-р Григориева вели дека со месеци се разговарало за потенцијални згрижувачки родители и дека било важно тие да бидат семејство кое може да се справи со потенцијалните предизвици што ги носи здравствената состојба на момчето.

– Кога си играм со него, го гледам и си мислам. Боже, ова бебе ќе биде одличен човек, фала му на Бога што нема да се сеќава на ништо – вели докторот.

Според полицијата, биолошката мајка на момчето апсолутно не е заинтересирана што ќе се случи со бебето, а не се знае кој е таткото. Судот ќе разгледа и трајно одземање на родителските права на мајката.

Поврзани содржини