Ѝ ГО ОШТЕТИЛ КРОВОТ НА КУЌАТА, ПА ЈА НАПАДНАЛ Насилник од Пехчево користел стаклен предмет
Полицијата поднесе кривична пријава за насилство поради напад врз жена и оштетување на куќа.
29-годишниот Ќ.Д. од Пехчево на 19 февруари годинава ја нападнал Т.Д. во нејзиниот двор, при што употребил стаклен предмет и ѝ нанел повреди. Пред тоа, тој оштетил и дел од кровот на куќата.
По пријавата, полицијата извршила увид, а надворешната канцеларија за криминалистички работи во Берово поднесе кривична пријава против него за „насилство“.
Жртвата доби медицинска помош, а случајот ќе продолжи да се расчистува во судска постапка.