ГО ОДРЖУВА НОРМАЛЕН КРВНИОТ ПРИТИСОК И ГО НАМАЛУВА ХОЛЕСТЕРОЛОТ Eдна од најздравите намирници во светот е вистински еликсир за здравјето
Меѓудругото, младиот кромид помага и за одржување на нормален крвен притисок бидејќи е богат со калиум, а дополнително го зголемува производството на добар или HDL холестерол и го намалува количеството на лошиот или LDL холестеролот, со што помага да се намали ризикот од срцев и мозочен удар и други кардиоваскуларни заболувања.
Младиот кромид е вкусен додаток на салати, омлети и многу други јадења и секако е еден од протагонистите на пролетните трпези. Сепак, тој е и вистинска супер храна бидејќи е богата со витамини, минерали и многу други скапоцени хранливи материи.
Што сѐ крие во себе?
Да почнеме со витамините А, Ц, К, Б9 и Б6, кои ги има во изобилство, како и калциум, железо, цинк и калиум. Од фитонутриентите, богато се застапени флавоноидите кемпферол, кверцетин, антоцијани и фенолни материи, кои имаат моќни антиоксидантни, антивоспалителни и антимикробни својства, кои во голема мера помагаат во детоксикација на црниот дроб.
Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.