ГО ОДНЕЛА ПАРТНЕРОТ МРТОВ ВО БОЛНИЦА, ПА ТРГНАЛА ДА БЕГА ОД ДРЖАВАТА 53-годишна жена е приведена на границата со Албанија

„Откако бил однесен во болницата, Џ.Б. ја напуштила болницата и во 17.10 часот била лишена од слобода на граничниот премин Џепиште во обид да ја напушти државата. Таа била задржана во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка“, се наведува во информацијата од полицијата.

873

СВР Тетово соопшти дека вчера во 14 часот во СВР Тетово, од болницата во Дебар било пријавено дека кај нив бил донесен починат Ј.А.(67) од Скудриње, Општина Маврово и Ростуше.

Според пријавеното, тој паднал од дрво и починал додека со неговата невенчана сопруга Џ.Б.(53) од Република Албанија собирале костени.






„Откако бил однесен во болницата, Џ.Б. ја напуштила болницата и во 17.10 часот била лишена од слобода на граничниот премин Џепиште во обид да ја напушти државата. Таа била задржана во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка“, се наведува во информацијата од полицијата.

Поврзани содржини