📽️ ГО ОЧЕКУВА ПЕКОЛ, ФУДБАЛСКАТА ЅВЕЗДА Е ЦИМЕР СО СИЛУВАЧИ, УБИЈЦИ, КАНИБАЛИ Ова е затворот во кој Робињо ќе мине девет години!

Поранешната фудбалска мега-ѕвезда е осуден на затворска казна поради силување и е веќе во еден од најзлогласните затвори во светот.

430

Некогаш беше мега – ѕвезда, еден од најдобрите фудбалери во светот. Играше за Сантос, Реал Мадрид, Манчестер Сити, Милан, беше член на репрезентацијата на Бразил и заработуваше тешки милиони.

Ама сега ќе мора да отслужи затворска казна во времетраење од 9 години. Познато е дека тој е осуден на затворска казна поради силување, и според медиумите во Бразил некогашната мега – ѕвезда е веќе во еден од најзлогласните затвори во светот.






Истиот се наоѓа во бразилската држава Пернамбуко во кој се сместени околу 30.000 затвореници, а капацитетот му е само 10.000.

Во него Робињо го чека пекол, тука својата затворска казна ја служат најголемите криминалци во Бразил, сериски убијци, нарко босови, силувачи, па дури и канибали.

Инаку се говори дека годишно во меѓусебни пресметки во просек се убиваат по 150 затвореници.

Робињо на „робија“ 9 години

Поврзани содржини