ГО НАШЛЕ МРТОВ ПОКРАЈ „МЕРЦЕДЕСОТ“ КОЈ ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ Фатална несреќа се случила утринава кај Облешево

Во тек е увидот на местото на несреќата и се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на возачот, велат од штипската полиција.

795

Во сообраќајна несреќа кај селото Облешево во општина Чешиново-Облешево почина возач, откако излетал надвор од коловозот. Во моментов се работи на утврдување на идентитетот на починатиот.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат дека во СВР Штип несреќата е пријавена денеска во 09.43 часот.






„СВР Штип е пријавено дека во село Облешево, патничко возило ‘мерцедес’ со кочански регистарски ознаки излетало надвор од коловозот. Во близина на возилото бил пронајден починат возачот, а од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана е смрт“, се вели во соопштението од МВР.

Во тек е увидот на местото на несреќата и се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на возачот.

Поврзани содржини